КОТЛАР – ОСНОВАТА НА ГЛАГОЛИЦАТА СЕ ЈУЖНОМАКЕДОНСКИТЕ ГОВОРИ, ТОА НЕ МОЖЕ ДА ГО ПОБИЕ ИСТОЧНИОТ СОСЕД

0
24

– Треба да споменам едни проучувачи тоа е Хрватот, Ватрослав Јагиќ и Словенецот исто така Ватрослав Облак кои што потекнуваат од таа позната славистичка школа и кои што ја побиваат таа панонска теза дека јазикот бил создаден таму кога браќата Кирил и Методиј биле во Моравија и Панонија. И фактички докажуваат во основата на глаголицата се јужномакедонските говори. И проучувачите го именуваат како македонска теорија и таа е прифатена во славистиката. И тоа е значајно бидејќи од тој јазик се емитува или се шири една култура, а во средниот век бидејќи тоа е време кое е многу поразлично од нашево во кое што живееме, христијанството има улога на надворешно политички инструмент, појасни Наташа Котлар во утринска емисија на телевизија Алфа.

Котлар додаде дека Комисијата, ниту пак договорот склучен со источниот сосед не може да ги побие овие факти и да се менува историјата како на некого му одговара.

– Делото на браќата Кирил и Методиј го продолжуваат Климент и Наум и глаголицата опстанува на македонскиот простор до 11-тиот век дури до почеток на 12-тиот век, за разлика од еден друг простор каде што се определува за една пониска варијанта, односно грчкото писмо, појасни Котлар.

Котлар посочи дека по канонскиот период се повеќе се доживува народната компонента, и се говори за македонска редакција во јазикот.

– Во 19-тиот век кај Кирил Пејчиновиќ се појавува онаа народна нота во изразувањето и пишувањето, што секој автор ние низ вековите како што го следиме, низ таа македонска варијанта, фактички ја откриваме особеноста и посебноста на македонскиот историски развој, рече Котлар.

Котлар укажа дека Партенија Зографски кој е еден од најучените луѓе во 19-тиот век и вели за македонскиот говор дека еден од најзвучните и најтечните говори во регионот.