МИЦКОСКИ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ГИ ТРГНАТ РАЦЕТЕ ОД СУДСТВОТО И ОБВИНИТЕЛСТВОТО

0
22

Од она кое можам да го извлечам како заклучок е дека наидов на разбирање од страна на претседателот Пендаровски. Она коешто е реалност поврзано со тој случај е основното човеково уставно право на жалба и второстепена судска одлука на лицата осудени за настаните од 27 ми април во моментот е завршена и за жал најголемиот дел одлуката ја немаат добиено за да може да ја искориститат вонреден правен лек, рече Мицкоски по средбата со Пендаровски.

Мицкоски рече дека Апелациониот суд има донесено одлука во февруари, а сега сме мај и се уште тие ја немаат добиено одлуката. Тој апелирарше до политичарите да ги тргнат рацете од судството и дека тука мисли на врвот на власта.

„Доколку политичарите и тука мислам на врвот на власта ги тргнат рацете од судиите и обвинителите и престанат да дивеат, тогаш најголемиот дел од обвинителите и судиите ќе обвинуваат и судат согласно словото на законоот потенцираше Мицкоски. Рече дека не треба луѓето осудени да бидат амнестирани, туку да бидат осудени за прекршувањето кое го направиле, а не за повреда на уставот и срамота е да бидеме држава со 35 терористи во затвор.

– Никаде во извештајите на ЕУ, не стои диктирана судската одлука, рече Мицкоски.

Не е првпат политички истомисленици на Заев да бидат ставани во притвор или затвор, рече Мицкоски и очекува така да биде се додека Заев е на власт и секој што не мисли како него да добие иста таква казна. Вели дека најсреќен би бил ако Заев не се меша во судството и не влијае врз судиите и тоа е единствената негова молба.

„Го одмрзнавме односите со Пендаровски и со секого ќе седнам ако може да спасам еден човечки живот.ќе имаме и понатаму надополнување на согласувањата и несогласувањата“ – рече Мицкоски.

Извор Тв24