НАД 10 000 ГРАЃАНИ ОД ПОЛОШКО ИМУНИЗИРАНИ, СКЕПТИЦИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА СЕ ПОМАЛКУ

0
23
  Над 10 000 граѓани од полошко и Општина Маврово Ростуше се имунизирале во вакциналниот пункт во спортската сала при Медицинското училиште Никола Штејн во Тетово
 
Над 10 000 граѓани од полошко и Општина Маврово Ростуше се имунизирале во вакциналниот пункт во спортската сала при Медицинското училиште Никола Штејн во Тетово. Надлежните велат дека вакцинацијата тече добро и интересот е зголемен за разлика од првите денови.

 

Скептици за имунизација во овој регион има се помалку откако истите увидоа дека само преку вакцинација можат да се стекне колективен имунитет, истакнаа од Здравствениот дом Тетово.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, апелираше да се почитуваат дадените термини за да нема гужви додека се чека ред за вакцинација.

И директорот на здравственот дом Јоргаќиевски го упати истиот апел. Вели само треба да се почитуваат протоколите и препораките и секој ќе се пријави ќе биде вакциниран за околу 10 дена по неговата пријава, доколку е повозрасен, но и на помладите за кратко време им се закажува термин

Инаку состојбата со вирусот во тетовско се стабилизира, односно вчера немало евидентиран ниту еден случај на КОВИД 19, а моментално во тетовско има само 118 активни случаи на вирусот.

ММС