Русија одобри нова вакцина – „спутник лајт“ која се дава во една доза

0
33

Според Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој го финансира производството на вакцини, „спутник лајт“ има ефикасност од 79,4 проценти, а неговата верзија во две дози од 91,6 проценти

„Спутник В“, која се дава во две дози, „ќе продолжи да биде главно средство за вакцинација во Русија, а нејзината лесна верзија ќе се извезува“

 

Русија денеска објави дека ја одобрила таканаречената „лесна верзија“ на нејзината главна вакцина против коронавирус „спутник В“, која се дава во една доза, наспроти основната верзија, која се дава во две дози.

Информацијата за одобрувањето беше објавена во исто време од страна на производителот на вакцини и рускиот вицепремиер задолжен за здравство, Татјана Голикова, на состанокот со претседателот Владимир Путин, што се пренесуваше во живо.

Според Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој го финансира производството на вакцини, „спутник лајт“ има ефикасност од 79,4 проценти, а неговата верзија во две дози од 91,6 проценти.

„Лесната верзија на ‘спутник’ се заснова на внимателно тестирана платформа за хуман аденовирусен вектор, што се покажа како безбедна и ефикасна“,

се вели во соопштението на РДИФ и додаде дека неговата цена би била „во принцип помала од 10 долари“.

Според Александар Гинтсбург, директор на московскиот Институтот за истражување „Гамалеја“, кој ја произведе оваа вакцина, оваа верзија на „спутник“ ќе овозможи „побрза имунизација на поголемите групи на население и одржување на високо ниво на имунитет кај оние што прележале ковид“.

Според изјавата, директорот на РДИФ, Кирил Дмитријев, проценува дека оваа верзија „значително ја намалува можноста за развој на тешка форма на болеста, за што би биде потребна хоспитализација“.

Дмитријев рече дека „спутник В“, која се дава во две дози, „ќе продолжи да биде главно средство за вакцинација во Русија, а неговата лесна верзија ќе се извезува“.

Русија е првата земја што одобри вакцина против коронавирус во август 2020 година, која потоа од Запад беше оценета како избрзана бидејќи масовните клинички испитувања (фаза 3) и објавените научни резултати сè уште не беа започнати.

Во февруари престижното медицинско списание „Лансет“ објави дека „спутник В“ е ефикасна во 91,6 проценти од случаите разбивајќи ги сомнежите за нејзината безбедност.

Бидејќи не може да произведе доволни количини и сака прво да го снабди својот пазар, Русија досега извезуваше само мали количини од вакцината.

Институтот „Гамалеја“ објави податоци дека повеќе од 20 милиони луѓе во светот ја примиле првата доза на „спутник В“.

Извор 360°