СЗО-НЕДОСТАТОК НА КОВИД ТЕСТИРАЊА ВО ИНДИЈА

0
24

Индија денеска забележа пад на нови случаи на инфекција со коронавирус, иако дневниот биланс на смртни случаи е над 4.000, пренесува Ројтерс. Но, експертите предупредуваат дека бројките веројатно се неверодостојни поради недостаток на тестирања во руралните области, каде што вирусот се шири брзо.

Веќе со месеци ниту еден дел од светот не е погоден од пандемијата како Индија. Новиот вид на вирусот во земјата поттикна зголемување на бројот на заразени, а дневниот број на нови случаи достигна повеќе од 400.000.

Дури и по намалувањето на бројката во последните денови, експертите рекоа дека не е сигурно дека бројот на заразени го достигнал врвот, а со тоа расте и вознемиреноста во Индија и ширум светот поради новата позаразна варијанта на вирусот Б.1.617.

„Сè уште има делови од земјата кои не го поминаа пикот и каде бројот е сè уште во пораст“, изјави главниот научник на Светската здравствена организација Соум Сваминатан.

Сваминатан посочи на загрижувачки висока национална стапка, со околу 20 проценти регистрирани позитивни случаи од вкупниот број на спроведени тестови. Таа вели дека тоа е знак дека најлошото допрва треба да се очекува.

„Тестирањето е сè уште несоодветно во голем број индиски провинции. И кога ќе ја видите пропорцијата на позитиви во тестираниот дел, очигледно е дека не тестираме доволно. Значи, конечните бројки не значат ништо. Тие мора да се читаат во контекст на тоа колку тестирања се направени и колкав е процентот на позитиви “.

Извор Р.С.Е