ШПАНИЈА РАСПОРЕДИ ВОЕНИ СИЛИ ВО СУЕТА, ДОЛЖ ГРАНИЦАТА СО МАРОКО

0
24

Сеута, шпански град во Северна Африка, е место на чести обиди за илегален влез, но шпанските медиуми, масовниот влез го припишуваат на намерно ослободување од мароканската полиција затоа што лидерот на движењето што бара независност на Западна Сахара од Мароко, е на лекување во шпанска болница

Шпанската Влада распореди воени сили во Сеута за да патролираат долж границата со Мароко, откако неколку илјади мигранти вчера допливаа во оваа шпанска енклава на африканскиот континент, изјави денеска неименуван извор од шпанското Министерство за внатрешни работи.

Војниците ќе патролираат на границата заедно со шпанската полиција.

Околу 6 000 илегални мигранти од Мароко влегоа во Шпанија пливајќи во близина на граничниот премин во енклавата Сеута, а досега 1 500 од нив се вратени.

Шпанската армија постави четири оклопни возила на плажата покрај жичаната ограда што ги дели двете земји, што може да се види од снимките на шпанската државна телевизија ТВЕ.

Сеута, шпански град во Северна Африка, е место на чести обиди за илегален влез, но шпанските медиуми, масовниот влез го припишуваат на намерно ослободување од мароканската полиција затоа што лидерот на движењето што бара независност на Западна Сахара од Мароко, е на лекување во шпанска болница.

Шпанскиот министер за надворешни работи Аранка Гонзалес Лаја изјави дека овој масовен влез на мигранти „не е резултат на несогласување“ со Мароко.

Премиерот Педро Санчез се откажа од патувањето во Париз поради ситуацијата во Сеута.

„Наш приоритет е да ја вратиме Сеута во нормала. Нејзините граѓани мора да знаат дека можат да сметаат на апсолутна поддршка на шпанската влада со цел да го одбранат нивниот интегритет пред секој предизвик“,

напиша шпанскиот премиер на својот профил на Твитер.