Бугарска вакцина дипломатија: 150.000 дози за соседите

0
48

Бугарија која планира да обезбеди околу 150.000 вакцини против ковид-19 на своите балкански соседи, денеска очекува да добие одговор од Европската комисија за тоа како точно треба да постапува земјата и дали може да ги донира или продаде дозите. Бугарскиот министер за здравство Стоичо Кацаров изјави дека Бугарија иако има најниска стапка на вакцинирани во Европската унија, земјата договорила околу 13 милиони -14 милиони дози според шемата за снабдување на ЕУ до крајот на годината и може да си дозволи помош на други земји. „Идејата е да се дистрибуираат до 150.000 дози меѓу нашите соседни земји од западен Балкан“, рече Кацаров, додавајќи дека Софија има добиено барања од Северна Македонија, Албанија, Косово и Босна.

„Нашите потреби се целосно покриени, така што нема никаква опасност Бугарија да остане без вакцини“, рече тој, додавајќи дека Бугарија бара да донира претежно вакцини од „АстраЗенека“, особено поради слабиот интерес за нив дома. Во минатата недела претседателот Румен Радев изјави дека Софија планира да донира значителна количина вакцини за Северна Македонија во потег што може да помогне во подобрувањето на затегнатите односи околу ветото на Бугарија на почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ.