КИНА ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА „СИНОФАРМ” ЗА ДЕЦА ПОСТАРИ ОД 3 ГОДИНИ

0
20

Вакцината против ковид-19 од кинеската компанија „Синофарм“, која ја создаде Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба на деца на возраст од три до 17 години во Кина, соопштија денеска тамошните власти.

Оваа информација ја објави истражувачот во Центарот за контрола и превенција на болести, Шао Јиминг на прес-конференција.

Кина досега искористи вкупно 845,3 милиони вакцини, а вчера се дадени 20,4 милиони дози, се наведува во податоците на Националната комисија за здравство.