ЏОНСОН ОЧЕКУВА „Г7” ДА ДОНИРА МИЛИЈАРДА ВАКЦИНИ ЗА СИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ

0
23

Британскиот премиер Борис Џонсон очекува дека на собирот на седумте најмоќни во светот кој почнува денеска, да се донираат милијарда вакцини против корона вирусот за најсиромашните земји.

Џонсон само неколку часа по ветувањето на Американскиот претседател Џо Бајден дека САД ќе донираат 500 милиони дози од фајзеровате вакцина, рече дека Британија ќе даде најмалку 100 милиони од вишокот на вакцини за најсиромашните.

Британскиот премиер ги повика лидерите од групата 7 да се обврзат дека до крајот на 2022 ќе бидат вакцинирани сите жители на планетава.

Пандемијата и климатските промени покрај светските безбедносни ризици и планетарната соработка и на полето на економијата се носечки теми на годинешниот состанок на врвот на седумте најмоќни.