ОСМАНИ НЕ ГО ДАВА ДРЕСОТ НА ФФМ, ЗАЕВ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ КАКО ШТО БАРААТ ГРЦИТЕ

0
26
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи им одговори на Грците дека ФФМ нема обврска да го менува името, но премиерот Зоран Заев денеска им вети дека ќе го реши и овој проблем како што бараат тие.
„Цела Европа знае дека нашиот национален тим ја претставува Северна Македонија на првенството. Дури иако Федерацијата не е јавен субјект, националниот тим е, како што е случај и во сите земји во светот.
Така е, и тоа мора да биде јасно на сите нивоа и на секој дека тоа е репрезентација на Северна Македонија, без оглед на иницијалите на Фудбалската федерација на дресот. Ние веќе го покренавме ова прашање со федерациијата и тоа треба да се реши во блиска иднина врз основа на договорот од Преспа и правилата и традициите на УЕФА. Имплементацијата на договорот од Преспа е работа која е во тек и нашата цел е постепено со нашитие соседи да наоѓаме решенија со кои ќе се спроведува договорот и кои ќе нè туркаат напред, врз основа на соработка и меѓусебна почит“, стои во писмената изјава  на премиерот Заев