ПАПАТА ФРАНЦИСК ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА ДА ГИ КАЗНИ СВЕШТЕНИЦИТЕ ЗЛОСТАВУВАЧИ

0
28

Папата Франциск го промени црковниот закон за да може „експлицитно да се криминализира евентуално свештеничко сексуално злоставување на возрасни лица, доколку тие го злоупотребат својот авторитет“.

Истото важи и за свештениците лаици – и тие би можеле да бидат санкционирани за сексуални престапи.

Новите регулативи беа објавени по 14 дена анализа и се наоѓаат во ревидираниот дел од кривичниот закон на канонското право на Ватикан, внатрешниот правен систем кој се однесува на 1,3 милијарди католици, пренесува АП.

Најзначајните промени се однесуваат на два члена, кои се однесуваат на најголемите проблеми и слабата реакција на црквата на сексуалното злоставување.

Законот вели дека и возрасните можат да бидат жртви на свештениците кои ја злоупотребуваат својата положба, а се додава дека и свештениците лаици во црквите можат да бидат казнети заради злоставување на малолетници, како и возрасни.

Извор Слободен Печат