Препораките за заштита од Ковид-19 да се почитуваат, ако сакаме мирна есен

0
22
Мерките се ослободија границите се отворија. Одморите и одењето во странство на привремена печалба го зголемија ризикот од појавување на нов бран, велат здравствените работници. Апелираат основните препораки и натаму да се почитуваат, ако сакаме мирна есен.

 

Се зголемуваат бaрањата за ПСР тестови. Во последно време со олабавувањата на мерките, најчесто ваквите анализи им требаат на тие кои патуваат во странство на привремена работа или пак за годишен одмор во земјите каде ги бараат овие тестови, велат од Центарот за јавно Здравје Тетово

Дека интересот за патување е зголемен потврдуваат и од агенциите.Најчесто се патува за Италија и Германија, каде работно се ангажираат нашите граѓани, и Турција Грција и Албанија и Црна Гора каде одат на годишен одмор.

За последните две дестинации не се потребни нути ПСР тестови, а пред десетина дена овозможено е патување со целосен исполнет капацитет на организираниот превоз

Сега кога имаме зголемен број патувања, контакти во странски држави потребна е голема претпазливост, велат здравствените работници. Мора да се заштитиме каде и да одиме, најпрвин себеси, а потоа и другите. Слободниот влез на нашите граѓани од друга земја, само по себе е ризик

Состојбата со вирусот во тетовско се смирува. Има само двајца хоспитализирани, амбулантските прегледи се намалуваат, како и нови позитивни случаи.

МТВ