СЕ „РАЗДВОЈУВААТ“ ОД СДСМ, СЕ СПОЈУВААТ СО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР – ЛДП со конечна одлука како ќе настапи на локални

0
22

Централниот одбор на Либерално-демократската партија на вчерашната седница донел конечна одлука на следните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција која ќе ја сочинуваат неколку партии и бројни граѓански активисти.

„Центарот како проевропска опција е важна за граѓаните, особено на локално ниво да се креираат локалните политики и да се обезбеди подобра иднина на граѓаните, како и економски и социјален развој“, рече Горан Милевски, претседател на партијата.

 

Тој за време на десеттата седница во хотел Олгица во Охрид, ги информирал членовите за подготовките на ЛДП, за претстојните локални избори и преговорите со другите партии со сродни политички програми, како и граѓански организации и непартиски активисти.

„Како што покажавме и досега и понатаму ќе имаме отворен и транспарентен пристап на информирање во јавноста и очекуваме да има што помал број на лажни вести“, рече потпретседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

ЛДП на седницата го формира и Централниот изборен штаб кој ќе го води потпретседателот на ЛДП, Игор Вељаноски.

„Избоорниот штаб започнува со работа од понеделник кој ќе биде отворен за граѓаните кои може да го кажат своето мислење и да даваат предлози за понатамошните локални политики. Нашите тимови ќе одговорат на сите барања на граѓаните“, додаде Вељаноски.

Фактор.мк