Филипче најавува враќање на децата во клупите од 1ви септември

0
27

20.000 наставници кои не беа вклучени во првата фаза на вакцинирање се очекува да бидат вакцинирани во наредните недели со пристигнување на нови дози. Со ова, според министерот за здравство Венко Филипче, учениците можат да се вратат на училиште од септември, но со одредени протоколи кои ќе произлезат од работните групи на Министерството за образование и Здравство.

Во текот на следните две недели, се очекува да бидат завршени сите протоколи според кои се очекува да се одржи наставата.

 

Досега се вакцинирани околу 10.000 наставници од прво до трето одделение, кои наставата ја одржале со физичко присуство. Во моментов, процесот на вакцинација се одвива со бавна динамика поради недостаток на вакцини, додека се очекува динамиката да се зголеми во текот на следната недела со пристигнување на новите дози, каде што на дневна основа се планира да се вакцинираат до 20 000 граѓани.