Филипче: Прв пат по подолго време бројот на активни случаи падна под 1000

0
23

Вакцинацијата и почитувањето на мерките ги донесоа очекуваните резултати, пишува на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

-Прв пат по подолго време бројот на активни случаи заболени од КОВИД-19 падна под 1000. Апелирам да продолжиме да ги почитуваме мерките и сите оние кои сѐ уште не се пријавиле на vakcinacija.mk што поскоро да го направат тоа, напиша Филипче.