Американски дрон погодил бомбаш- самоубиец, се појавија и првите снимки (ВИДЕО)

0
20

Американските сили денеска погодиле бомбаш -самоубиец во Кабул, кој се обидел да го нападне аеродромот со автомобил полн со експлозив, соопштија американските власти

Неименуван официјален претставник изјавил дека нападот бил извршен со дрон управуван надвор од Авганистан и дека експлозијата што следела по нападот покажала дека во автомобилот има „голема количина експлозивен материјал“.

Американскиот напад се случува во време кога околу илјада цивили чекаат на аеродромот за лет надвор од земјата, пред последниот војник да се повлече на 31 август, изјавил западен безбедносен претставник.

 

Иранскиот весник на англиски јазик Техеран Тајмс објавил видео за кое велат дека е направено на местото на нападот.