Ковид болни и меѓу медицинскиот персонал во Клиничка болница Тетово

0
23

Како во претходните бранови на голем број заразени со Ковид-19, и сега има медицински лица од тетовската клиничка болница кои се болни поради коронавирусот. За среќа нема ниту еден на болничко лекување.

-Имаме и сега некои луѓе од медицинскиот персонал заболени од Ковид-19. Имаме со лесна симптоматологија и некои се дома на изолација. Тоа не влијае на работниот процес на клиниката. Тие се со лесна клиничка слика и едвај чекаат да се вратат на работа, но мора да поминат 10 дена во изолација, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот на тетовската клиничка болница.