Талибанците забранија музика на јавни места во Авганистан

0
17

Талибанците забранија музика на јавни места во Авганистан. За ова има и официјална потврда.

 

„Музиката е забранета во исламот, но се надевам дека можеме да ги увериме луѓето да не прават такви работи, наместо да вршиме притисок врз нив“, изјави портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид за Њујорк тајмс.

Во Авганистан, под власта на талибанците во 1990 -тите, повеќето музички и телевизиски и филмски содржини биле забранети. Прекршокот на овие забрани влечело сериозни последици. По американската интервенција во 2001 година, авганистанската музичка сцена доживеа подем, по што се организирани концерти и фестивали, а потоа е основан и Авганистански национален институт за музика. Од 15 август, Талибанците ја презедоа контролата и во главниот град на Авганистан, Кабул.