Заев чека извештај од МВР за причините за пожарот во модуларната болница за да донесе одлука со понудените оставки

0
20

„Јас не можам да дадам наредба или налог или некои напатствија на орган кој што не е под извршната власт тоа е Јавното Обвинителство, можам да апелирам час поскоро, по завршување на квалитетена истрага, стручна, професионална да се објави“, одговори Заев на новинарско прашање кога ќе бидат соопштените причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Тој рече дека  може да побара од Министертсвото за внатрешни работи, тоа што е дел од круг кај нив, како орган под состав на Владата да го објават да го соопштат до граѓаните затоа што поминуваат неделите и треба да се даде соодветни одговори.

„Прво за граѓаните, а втора и за нас како Влада за да ги носиме соодветните одлуки. Знам дека во делот на форензиката, истражувањето и вештачењето што МВР го направи е доставено до ЈО и од тој аспект ќе очекувам во следните денови да се објави од страна на МВР деталите од таа форензика. А ЈО можат и понатаму да си продолжат со истрагата, да утврдат и други аспекти кои што треба, но одговорот на прашњето од што е настанат пожарот, како тоа се случило и сите поврзани детали се до моментот на настанување на пожарот очекувам да бидат јавно објавени за да можат да знаат граѓаните, јавноста, но и тоа е основот за да донесам одлука во врска со понудените оставки од министерот и заменик министерот“, рече Заев.