Мурсели- Тетовската касарна ќе ја претвориме во градски парк

0
21

Кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од Алијансата за Албанците и Алтернатива Вулнет Мурсели ја презенитраше изборната програма  заедно со кандидатите за општинските советници.

Мурсели ги наведе суштинските проекти како дел од изборната програма. Посочи дека во Тетово мора да се отворат нови патишта и да се довршат постојните за да може градот да диши, изградба на нови капацитети за паркирање, а еден од најважните проекти, пренамена на тетовската касарна во градски парк.

-Просторот на тетовската касарна е единствениот зелен простор во Тетово, кој не е допрен од урбаната мафија во градот. Оваа зелена површина ќе ја претвориме во градски парк, слободен простор за тетовци, а постојните објекти ќе бидат пренаменети во рекреативен простор за пензионерите, простор за спортска академија на фудбалските клубови, а ќе се разгледаат можностите тука да бидат сместени и дел од јавните институции, рече Мурсели.

Тој најави и репланирање и функционализација на градскиот плоштад, како и реставрација на стариот дел од градот, како дел од неговата изборна програма.