Му се суди на 100-годишен нацист

0
18

Во Бранденбург на Хавел, западно од Берлин, денеска почнало судењето на 100-годишниот поранешен чувар во логорот Заксенхузен и припадник на специјалните СС единици, Јозеф С. поради помагање во убиството на повеќе од 3.000 заробеници во текот на Втората светска војна.

Јозеф С. се товари дека своеволно како чувар и припадник на СС помогнал во убиството на најмалку 3.518 заробеници во тој логор северно од Берлин.

Заксенхаузен истовремено служел како логор за обука на единици кои биле специјализирани за чување на концентрациони логори.

Во тој логор животот го загубиле повеќе од 20.000 луѓе, во главно Евреи, но и политички противници на национал-социјалистичкиот режим.

Судските вештаци утврдиле дека Јозеф С. и покрај длабоката старост е способен за судење, но најмногу два часа дневно.

Судењето поради тоа не се одржува во зградата на покраинскиот суд во Нојрупин, туку за таа цел специјално е подготвена спортска сала во близина на местото на живеење на обвинетиот, во Бранденбург на Хавел, град со околу 100.000 жители.

Германските медиуми шпекулираат за причините поради кои поранешната Германска Демократска Република, каде Јозеф живеел по враќањето од воено заробеништо, не го извела обвинетиот пред суд, како што направила со многу други воени злосторници.