Синдикатите и бизнисот се спротиставија на планот за кратење на работното време за администрацијата

0
22

Преполовениот работен петок ги изненади дури и синдикалците. Од надлежниот синдикат на администрацијата и управата велат дека тие во 2018 година бараат кратење на работната недела согласно европските практики, но барале тоа да биде преку Законот за работни односи и да важи за сите рабтници, а не само за администрацијата.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека решението  е само предизборен маркетинг. Со преполовување на работата во петок администрацијата нема да стане поефикасна, туку само поатрактивна за вдомување на партиските кадри.

Регаираат и од Здружението „Гласен текстилец“. Прашуваат до кога државата ќе може да дава привилегии, ако работниците кои ја движат економијата се ставени во подредена положба.

„Разбирам дека е предизборие, дека треба да се добијат гласовите на јавната администрација, ама не е фер, не е одржливо и нема никаква суштина во таквите закони освен евидентна дискриминација кон огромна група граѓани кои се и мнозинство- овие од приватниот сектор“, вели Ампева.

За Коморите ваквиот предлог е неприфатлив. Бараат администрацијата да се реформира за да стане вистински сервис на граѓаните и фирмите, а не да им се крати работното време.

Според индексот на конкурентност кој рангира 141 земјав во светот, според перформасите на јавниот сектор земјава се наоѓа дури на 102 место, што според бизнис секторот, доволно говори за состојбата.

Сител телевизија