Талибанците формираа специјален баталјон бомбаши-самоубијци за да ја чуваат границата со Кина

0
19

Талибанците формираа специјален баталјон бомбаши-самоубијци во северен Авганистан за да ги заштитат границите со Кина и Таџикистан, изјави денеска заменик-гувернерот на провинцијата Бадакшан, Мула Нисар Ахмад Ахмади.

Специјален одред за самоубиства по име Лашкар-е Мансур ќе биде распореден до авганистанските граници, изјави локалната новинска агенција Хама прес, цитирана од гувернерот.

Според агенцијата Тасс, бомбаши самоубијци од овој одред учествувале во терористички напади врз силите на соборената влада и членовите на меѓународната коалиција што беше предводена од Соединетите Американски Држави.

– Поразот на САД би бил невозможен без овој одред. „Овие храбри воини носат специјални појаси со експлозив кои се искористија за да кренат во воздух американски бази во Авганистан“, рече Ахмади.