Јакимовски: Победив како Новак Ѓоковиќ!

0
19

Стевче Јакимовски вечерва прогласи победа во градоначалничката трка за Општина Карпош и порача дека го чувствувал пулсот на неговите сограѓани од Карпош. Притоа, тој вети дека ќе работи за доброто на жителите на оваа општина.

„Јас го гледам Карпош 30 години напред. Карпошани повторно сакаат весел и цветен Карпош, нешто што беше оваа општина во минатото. Јас победив како Новак Ѓоковиќ. Сакам да кажам дека не газам на трула даска. Го чувствував пулсот на граѓаните на Карпош и ќе работам за доброто на сите“, рече Јакимовски.