Одрони од карпи , камења и земја кон тетовско Бањиче

0
22

Поројните дождови предизвикаа еррозија на земјата над патот кон тетовско Бањиче, а одрони од земја и камења има паднато на неколку места од овој коловоз.

По реконструкцијата на овој патен правец, безбедноста е значително намалена. Општина Тетово реализираше активности за намалување на ерозивните процеси, со каскадни системи на самиот терен, но очигледно овие активности се недоволни.

Ризичниот пат, сега во предизборието во пресрет на локалните избори, стана и тема за политички истрели.

Кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од редовите на Алијансата за Албанците и Алтернатива Вулнет Мурсели, со реакција на социјалните мрежи, за одроните на патот кон тетовски Бањиче.

-За жал, патот до бањата во Тетово е еден од најопасните патишта, особено кога имаме дожд или снег. Денес имаме свлечишта и одрони на карпи на патот поради дожд. Денес имаме свлечишта и одрони на карпи на патот поради дожд. Овде гледаме неквалитетна работа, притоа загрозувајќи ги работниците што работат таму и минувачите. Контролата на квалитетот на работата и безбедноста на патиштата не е во ред. Досега администрацијата не беше внимателна, но следната администрација ќе биде многу внимателна, бидејќи животите на луѓето не се само бројки. Следната администрација ќе се погрижи за све.Овој пат ги загрозува граѓаните секој ден!,напиша Вулнет Мурсели на неговата официјална фејсбук страна.