Касами – Целосна независност и деполитизација на средните и основните образовни институции, со приоритет на зголемувањето на квалитетот и инсталирање позитивни практики на ЕУ

0
23

 

Претседателот на Движењето БЕСА и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами заедно со неговите советници и соработници организираа јавна дебата на тема „Квалитетно образование, еднакви можности за сите“. Со панелистите, проф. Флорим Ајдини, проф. Беса Кадриу, проф. Беким Хоџа, Проф. Хатије Етеми, проф. Илвије Јашари, проф. Јетмир Шабани,заклучија дека идниот градоначалник на Општина Тетово треба да им даде приоритет на основните проблеми, со кои се соочува основното и средното образование.

Билал Касами ќе се посвети на целосна независност и деполитизација на средните и основните образовни институции, со приоритет на зголемувањето на квалитетот i инсталирање позитивни практики на ЕУ. Приоритет ќе биде привлекување средства од ЕУ, инклузивно образование, спортски сали за сите основни училишта, олимписки базен за потребите на градските училишта, развој на разни спортови и развој на зимски спортови.