Ако немаат потреба, граѓаните да не излегуваат на отворен простор – Во Кичево загадувањето вечерва е 20 пати над дозволеното

0
22

Со почетокот на грејната сезона кон средината на минатиот месец, вредностите на воздухот во Кичево драстично пораснаа. Секојдневно количината на ПМ-10 честички во воздухот е за четири до пет пати над дозволените граници што изнесува 50 микрограми на метар кубен.  Попладнево во Кичево беа измерени 985 ПМ-10 честички микрограми на метар кубен, што е за речиси 20 пати над дозволенита граница.

-Добро е познато дека нашиот град најголемото аерозагадување го има во периодот кога започнува грејната сезона,бидејќи над 95 проценти од населението се затоплува на фосилни горива и разбирливо е што аерозагадувањето е така високо.Дополнителен проблем е се погустиот сообраќај, бидејќи Кичево е мал град по површина, каде што има голема концентрација на автомобили, што дополнително ја влошува состојбата, вели Коце Наумоски, екологист и технолог, добар познавач на оваа проблематика.

Тој со препорака до граѓаните како самите да си помогнат аерозагадувањето да биде помало, а нивното здравје подобро.

-Затоплувањето на домовите со огревно дрво и не е толкав проблем колку што во најголем дел овие дрва се скоро пресечени и се со висока влага, што значи дека она што го испуштаат заедно со пепелта се директни причинители на зголеменото аерозагадување. Нека послужи за пример Швајцарија, каде е строго забрането огревно дрво да се користи пресечено во тековната година, туку треба да биде пресечено барем една година порано и да не поседува висок процент на влага, која е директен причинител за зголемено аерозагдување, додаде Наумоски.

 

На граѓаните им порача ако немаат вистинска причина да не излегуваат на отворен простор, особено тоа се однесува за постарите граѓани и хронично болните. Апелира, ако е тоа возможно, што помал број превозни средства да се користат во овој период  од годината кога аерозагдувањето руши рекорди и што повеќе да се користат велосипеди.