Пациенти со пост ковид копликаци, со месеци на контроли и прегледи

0
20
Состојбата со вирусот во тетовско стабилна, инфицирани и хоспитализирани се помалку, но пост ковид компликациите на пациентите заразени од делта сојот големи.Само со имунизацијата може да се заштитиме од новите мутирани вируси, кои се се поопасни и оставаат големи последи, укажуваат здравствените работници.   

 

Пациенти со пост ковид копликаци, со месеци на контроли и прегледи. Со отежнато дишење и немоќни не сакаат јавно да зборуваат, но рехабилитациониот период велат е долг и тежок процес

Лекови, физикална терапија, вежби за дишење, е само дел од терапијата која им ја даваме на пост ковид болните, вели доктор Исмаил Ваити од Болницата за белодробни заболувања во Лешок.

Секој пациент се враќа во нормала, иако кај некои последиците остануваат, најчесто на бели дробови. Допрва науката ќе утврдува кои се комликациите од вирусот во мозокот, бубрезите, рбетниот столб, на што дел од пациентите веќе се жалат.

Секој нов мутиран вирус ќе биде посуров и ќе остава уште потешки последици и компликации кај пациентите, ако не се зголеми процентот на имунизација во Македонија, велат здравствените работници.

Последните бројки на Министерството за здравство говорат дека 38 % од целата популација во земјава примила две дози вакцина. Еден од регионите каде имаше слаб опфат на имунизација е тетовскиот, каде сега поради новите мерки интересот постепено се зголемува. На вакциналниот пункт на дневна основа се имунизираат до 300 граѓани.