Леар започна со работа на вториот погон, се очекуваат до 1.500 нови вработувања

0
23

Новиот производствен погон на американската компанија Леар и Нормак инвестмент груп во Технолошко – индустриската развојна зона во Тетово ја доби дозволата за работа од министерот за економија Крешник Бектеши. Инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра за производниот погон  изграден на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови 1.000 до 1.500 работни места.

–Се реализира уште една значајна инвестиција во Северна Македонија. Девет месеци откако бевме тука на поставувањето на камен темелникот за заедничката инвестиција на вториот циклус на Нормак инвестмент груп и американската компанија Леар, денеска имам чест на менаџментот на компанијата да ја предадам употребната дозвола за новиот производствен погон, изјави министерот Бектеши.

Министерот додаде дека Леар успеал да го зголеми извозот за 10 отсто во 2021 година, по растот на извозот од 15 отсто во 2020 година.

Американската компанија „Леар Корпорејшн“изработува навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи.