Прво удрил двајца полицајци со автомобил, а потоа прободел еден од нив

0
38

Жител на Росоман со автомобил удрил двајца полицајци, а потоа пробол еден од нив.

Во селото Доленци, демирхисарско, вчера во 11:20 часот полициски службеници од Полициската станица Ресен го уапсиле И.Ѓ. на возраст од 41 година од Росоман. Околу 08:00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив. Набргу откога е запрен, со остар предмет повредил полициски службеник. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава