Протест на Украинците пред Руската амбасада во Скопје: Конфликтот да се реши дипломатски, да се стопира војната, да има мир

0
38

Преку мирен протест здружението Украинци кои живеат во Македонија денеска излегоа да го изразат својот револт против руската агресија во Украина, но и да изразат поддршка на нивните роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад.

Присутните граѓани порачаа стоп за војните во 21 век и стоп за како што велат, третата светска војна, барајќи да престанат страдањето кои што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невиното население во Украина.

– Ние сме приморени во 21 век да дојдеме до амбсадата на агресорот за да кажеме дека не е нормално да гинат луѓе само за Путин да остане на власт. Нашата војска е спремна да даде отпор, но пак ќе кажеме, дипломатијата треба да е на прво место. Треба да се реши овој конфликт на дипломатско ниво, да се стопира војната и да има мир. Мир во Украина, мир во Европа, мир на Балканот, порача еден од присутните.

Тие веруваат дека конфликтот ќе биде решен на мирен начин, за да престане, како што велат гинењето на невини луѓе, деца и војници.

Протестот започна на плоштадот „Македонија“ во Скопје од каде што преку мирен марш граѓаните се упатија  кон Руската амбасада.