Радев и Петков во Благоевград заедно ја одбележаа годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

0
34

Чествување за Гоце Делчев има и во Бугарија, а на него заеднички учествуваат бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Кирил Петков….

Двајцата попладнево положија цвеќе на споменикот на Делчев на плоштадот „Македонија“ во Благоевград.. Градот е поврзан со револуционерот и неговото семејство, бидејќи таму се погребани неговиот татко и други негови роднини.. Нивното заедничкото чествување, во дел од бугарската јавност, се толкува како испраќање сигнал дека и двајцата имаат единствена позиција во однос на спорот со Македонија.. Пред неколку дена Радев го обвини Петков дека избрзал со посетата на Македонија, по што бугарскиот премиер му врати дека неговата посета на земјава не само што не е избрзана, туку е задоцнета..

Петков денеска на социјалните мрежи напиша дека Делчев е бугарски револуционер и составен дел од заедничката историја со Македонија, симбол на борбата за слобода и идеолог на Македонско-одринското револуционерно ослободително движење..