САД: Преговори Киев-Москва не се можни додека трае руската воана агресија во Украина

0
35

САД сметаат дека нема шанси за дипломатија додека се води воена агресија, се лансират ракети, има тенкови на улиците и се убива, соопшти денеска Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот

Укажа на скептицизам во однос на денешната порака на Москва за преговори со украинското раководство

Ако претседателот (Владимир) Путин е сериозен за преговори, треба да запре веднаш со агресијата, да ја деескалира ситуацијата и да ја врати назад војската, изјави Прајс на денешниот брифинг за новинарите.

Рече дека не е прашање местото каде би се одржале такви преговори, туку условите во кои тие се побарани.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го прифати повикот но побара евентуални преговори да се одржат во Варшава, а не во Минск како што бараат од Кремљ.