Фотографија на денот: Тешка ноќ за Киев

0
38
Киев за себе има тешка ноќ. Од периферијата на градот доаѓаат информации за експлозии и пукотници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците на одбрана на главниот град, велејќи: „Судбината на нашата земја се одлучува токму сега“.

Додека од периферните делови на градот доаѓаат информации за експлозии и борби, населението во Киев се обидува да ги преземе сите расположливи мерки за поголема безбедност. На оваа фотографија е прикажана станбена зграда во главниот град на Украина, каде струјата е изгасната за објектот да биде што е можно помалку забележлив. Фотографот на агенцијата АП го има фатено моментот кога во висококатницата е осветлен само еден прозорец.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одби понудата на САД да биде евакуиран, инсистирајќи дека ќе остане во престолнината.

„Борбата е тука“, вели тој.