Гостиварец пријавил дека соседот го нападнал поради кавга за паркирање возила

0
72

Четириесет и седумгодишен гостиварец вчера (7 март) во 21 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека на улица „Белградска“ во Гостивар, пред неговата куќа, околу 20 часот, бил физички нападнат од неговиот сосед на возраст од 28 години. Според пријавеното нападот бил поради недоразбирања околу паркирањето на нивните возила.

Полицијата информира дека се расчистува и документира случајот.