И ДУИ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за брзи предвремени избори

0
36

По СДСМ, и ДУИ го отфрли барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори… За интегративците, како што кажа првиот вицепремиер Артан Груби, прифатливо е тие да се одржат евентуално во април 2024та заедно со претседателските, практично на неколку месеци пред редовниот термин кога и всушност истекува мандатот на актуелната Влада.

Предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерска да се одреди датум за предвремени избори вчера го отфрлија социјалдемократите. Мицкоски и денеска го повтори ставот критикувајќи го Ковачевски кој ја одби поканата за лидерска средба, со образложение дека не прифаќа уцени.

Иако изборите не се на повидок, овој период се интензивираше и дебатата за промена на изборниот модел.. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ начелно поддржуваат една изборна единица како што бараат помалите партии, но засега нема консензус во Собранието, пред се поради противењето на ДУИ и Алијанса за Албанците…

Спикерот Џафери очекува на координација договор кога измените повторно да се разгледуваат на седница но и предлог да се стават на јавна дебата.

Кои ќе бидат следните чекори на опозицијата, по одбивањето на разговори за преврмеени избори, Мицкоски денеска не кажа, но во вчерашната негова прес конференција порача дека ќе преземат, како рече, „сериозни и досеганепрактикуваничекори“.