Петков: Колку повеќе имаме вакви настани како денес во Битола, толку повеќе имаме заедништво

0
31

Премиерот на Бугарија Кирил Петков, денеска од Битола по повод отворањето на култирниот центар „Иван Михајло“ уште еднаш потврди дека исполнување на праваа на Бугарите во Северна Македонија, е патот на државава кон ЕУ.

„Тука треба да покажеме дека не може да се игра меѓу партиите. Треба да се игра национално. Имаме обединество. Тој мост треба да о искористиме дека правата треба да бидат исполнати. За бугарските интерес е Македнија да биде дел од ЕУ. Бевме во Софија со Ковачевски. Колку повеќе имаме вакви дејствија како денеска, врска и граѓаните се чувствуваат заедно како една опшост, толку е подобро. Политичарите одат и заминуваат, но делата остануваат. Како во Софија, така и во Битола, тоа се знаци кои влијаат на добрососедството.“, изјави Петков.

Петков надополни дека само со обединување може да имаме мир, стабилност и економски развој на Балканот.

„Ако немаме мир и стабилност на Балканот, ако не можеме да ги подигнеме границите, да не можат да работат бизнисите, ако нема една визија дека заедно можеме се да постигнеме не можеме ништо да постигнеме.“, изјави Петков.

Тој рече дека двете страни во моментов работат многу на наоѓање решение за спорот.

 

„Двете страни работат многу. Треба да стигнеме до една општа позиција, не само во Бугарија туку заедно со Северна Македонија и да се јасни. Ние имаме рамки, имаме се. Јасно е дека за сите нас е важно иднината на Северна Македонија да биде во ЕУ. И сите области во Северна Македонија треба да се чувствуваат со рамноправни права. Темата е реална, прашање е само кога, како и со какви отстапки од двете страни. Работиме многу за успех“, изјави Петков.