СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ТЕТОВО

0
37

Група активисти решија поинаку да го започнат овој ден, објави Алсат-М. Ако вообичаено на празниците се оди во природа денеска тие чистеа отпад од дива депонија која со години постои на почетокот на патот кон Калето.

Иако има табла со која се забранува фрлање ѓубре, ова место на почетокот на патот кон Калето е претворено во мини депонија“.

„Секаде на влезовите и излезите, но и на места кои се на граница со зеленило, се создаваат спонтани депонии. Луѓето го тргаат ѓубрето од себе и го фрлаат на работ на градот…“, изјави Јусуф Лазами – активист.

Од Јавното комунално претпријатие повторно најавуваат дека ќе постават камери на местата каде што се фрла отпад.

„Убедени сме дека само ако одиме со камери во живо за сите да можат да видат кој фрла и кој го сака овој град и верувам дека ова ќе биде поширока свест за сите жители на Тетово“, рече Даут Мемиши – Заменик директор на ЈКП „Тетово“ Тетово.

Во градот има многу диви депонии. Општинските органи пред неколку месеци дури и ветуваа дека ќе ги чистат, но тоа не се случи. Оние пак, кои привремено беа чисти, брзо повторно се наполнија со смет.

Алсат-М