0
19

Меѓу булеварите Партизански Одреди и Климент Охридски во Скопје попладнево се случила сообраќајна незгода во која учествувало возило на Брзата помош и патничко возило, потврдуваат од МВР за „360 степени“.

„Во 16:40 часот пријавено е дека на крстосницата од Партизанска и Климент Охридски се случила сообраќајна незгода помеѓу амбулантно возило и патничко возило. Полициски службеници се упатени на лице место“,

велат од МВР.

Засега нема информации за повредени лица, а од МВР најавуваат повеќе информации за подоцна.

360 степени