ПОЛЕАН СО ЦРВЕНА БОЈА РУСКИОТ АМБАСАДОР, ОТКАКО ДОЈДЕ ДА ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ

0
35

Рускиот амбасадор во Полска Сергеј Андреев беше полеан со црвена боја додека се обидуваше да положи венец на гробиштата на советските војници во Варшава, јавува дописникот на РИА Новости.

На дипломатот тоа не му било дозволено. Според известувачот на агенцијата, „агресивни Полјаци и Украинци“ му го попречиле патот, извикувајќи навреди. По инцидентот, Андреев бил принуден да ги напушти гробиштата во придружба на полиција. Подоцна рече дека не е повреден.

На самото спомен-обележје непознати лица напишале непристојни натписи.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го коментираше инцидентот на Телеграм. Според неа, „љубителите на неонацизмот уште еднаш ги разголија лицата – и тие се крвави“.

„Уништувањето на спомениците на хероите од Втората светска војна, сквернавењето на гробовите и сега нарушувањето на церемонијата на полагање цвеќе на овој свет ден за секој пристоен човек го докажуваат веќе очигледното – Западот го постави курсот за реинкарнација на фашизмот“, напиша таа.

На Денот на победата, руската дипломатска мисија исто така требаше да го одржи настанот „Бесмртниот полк“, но полското Министерство за надворешни работи препорача да не се одржуваат овие настани, наведувајќи ја нивната поврзаност со руската воена операција во Украина.

Варшава вели дека самото нивно одржување е „спротивно на локалните закони“. Москва смета дека таквата позиција е „апсурдна и неоснована“.