ТЕТОВО ДОБИ СВЕТИТЕЛ – ИГУМЕНОТ КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ – ТЕТОЕЦ ОД ДЕНЕС КАНОНИЗИРАН КАКО СВЕТИ КИРИЛ ЛЕШОЧКИ

0
74

Игуменот Кирил Пејчиновиќ-Тетоец од денес канонизиран како СВ. КИРИЛ ЛЕШОЧКИ

Денес радоста од вчерашниот ден е умножена!Македонската Православна Црква – Охридската архиепископија преку одлука на САС одлучи да ги канонизира за светители игуменот Лешочки и народен просветител и учител Кирил Пејчиновиќ Тетоец како Свети Преподобен Кирил Лешочки и просветителот и игумен Јоаким Крчовски како Свети Праведен Јоаким.Ова е одлука со огромно и долгорочно значење за мое Тетово и полошкиот регион. Имаме наш Светец, молитвен застапник и чувар. Радост ми претставува тоа што неговата светост е препознаена од неговиот народ, објави на својот фејбук профил претседателот на комисијата за односи меѓу верските заедници Даријан Сотироски

Благодарност за огромниот ангажман на Митрополитот Јосиф кој го предложи неговото канонизирање и се даде себеси да му го издигне повторно Лешочкиот манастир.
За многу години, додаде Сотироски