АЛИЈАНСА – НОВО СЕДИШТЕТО НА ДУИ ВО ТЕТОВО, ОБЈЕКТОТ ЧИНИ 900 000 ЕВРА ОД КАДЕ ТОЛКУ ПАРИ

0
38

Како го користеше и како го “купи” ДУИ објектот кај Телеком прашаа од Алијансата за Албанците на пресс конференција која ја одржа пратеникот Аднан Незири. Оттаму истакнаа дека во време кога
граѓаните и многу компании се соочуваат со тешка економска криза набавката на зградата на три спрата и со површина од 1400 метри квадратни отвора многу сериозни сомнежи, кои претставуваат предмети за работа на истрагата и обвинителството.

Медиумските истражувања дознаваат дека овој објект бил во сопственост на приватна фирма, која потоа го продала на втора фирма, за на крајот да го купи ДУИ. Од компанијата велат дека зградата не била изнајмена, а сите тетовци се сведоци дека со години овде останува натписот на Унијата на Младите на ДУИ. Прашуваме врз која основа ДУИ го користела овој објект во изминатиот период. Фирмата која првично беше сопственик на овој објект е позната како една од најпрофитабилните компании која добила многу тендери од институции раководени од функционери на ДУИ.
Од оваа партија рекоа дека за купување на објектот добиле кредит од 900.000 евра кој ќе го вратат за 7 години. Тоа значи дека ДУИ ќе треба да враќа 128 илјади евра годишно, не сметајќи ја тука каматата. Од каде ќе ги добие ДУИ овие пари, од каде се сигурни дека ќе ги обезбеди, изјави Аднан Незири од Алијансата за Албанците

Исто така, сакаме да ја информираме јавноста дека случајно, остатокот или поголемиот дел од овој гигантски објект е во сопственост на Македонска пошта и компанијата Телеком, која во Македонија влезе како инвестиција на компанијата Маџар Телеком. Каква случајност!?, додаде Незири