УВИДОТ Е ЗАВРШЕН, НО ЗА ИСТРАГА ПОТРЕБНИ НИ СЕ СИЛНИ ДОКАЗИ И ОСОМНИЧЕНИ, ВЕЛАТ ОД ТЕТОВСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ПОЖАРОТ ВО ПОФИКС

0
36

Од Тетовското јавно обвинителство, велат дека се чека видео материјалот од надзорните камера во фабриката, кои можат да утврдат од каде настанал пожарот. Тука е у вештачењето на ОКТИВ при МВР кое треба да ни даде одредени докази за евентуално започнување на истрага. Но без силни докази и осомничени, не може да се започне истрага.

-Кога ќе имаме висок степен на докази и осомничени ќе започнеме истрага. Увидот заврши, но можеби ќе треба да се направи уште едно вештачење од електротехичкиот факултет, со кое може да се утврди дали имало некаков проблем со елетричната инсталација, дали тоа било причината за настанувањето на пожарот. Или, можеби инсталацијата била во ред ,а пожарот настанал од нешто сосема друго. За се ни треба докази никаква истрага или пак затоврање на случајот не треба да се базира на основа на претпостави, ни изјавија од Јавното обвинителство Тетово.

Инаку пожарот зафати над 7 000 метри квадратни од објектот на некогашната фабрика Македонија Табака, чии хали се изнајмени од фабриката Пофикс.
Сопственикот на фирмата кажа дека е предизвикана голема материјална штета, а градот за време на пожарот се гушеше во густ црн чад со концетрацијата на штетни честички во воздухот.