Шампионките од ЖФК Љуботен од Тетово на прием кај градоначалникот Касами

0
33

Македонските шампионки во фудбал, ЖФК Љуботен од Тетово, денеска беа на прием кај градоначалникот Билал Касами.

Тетово е град на спортот и спортските таленти , општината секогаш ќе ги поддржува сите успешни спортисти, кои придонесуваат во афирмација на градот, порача Касами.

“Нашиот град заслужува соодветен стадион, спортски центар, зеленило и рекреативни спортски места. Ова го ветивме и ќе го исполниме! Честитки за девојките од ФК Љуботен и раководството на клубот”- дополни градоначалникот на Општина Тетово.