ЗА ПРЕТЕПУВАЊЕ НА ТОПАЛОВСКИ, НЕФИ И БРАТ МУ ДОБИЈА ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА

0
68

Советникот на ДУИ во Охридскиот Совет и познат бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, добија ослободителна пресуда за насилството врз нивниот сограѓанин Спиро Топаловски, што се случи пред 2 години пред еден охридски хотел.

Судијката Билјана Белевска Пројковска, во пресудата наведува дека е неспорно оти двајцата браќа го нападнале Топаловски и му нанеле повреди, што е потврдено и со лекарски прегледи и со снимки од видео надзорот, сепак, поради контрадикторните изјави на Топаловски, судот не утврдил дека тој е оштетен.

И сведоците кои биле присутни пред судот кажале дека ништо не виделе.

Иако на снимките јасно се гледа како е тепан Топалоски, тој останал на исказот дека повредите не му ги нанел Усеини, туку непознато лице кое го удрило од зад грб, спротивно на она што го кажа во Обвинителството.