ЗА 6 ЧАСА ПОЛИЦИЈАТА КАЗНИ 134 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БРЗО ВОЗЕЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА СВР ТЕТОВО

0
35

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10 јуни) од 14 до 20 часот спроведоа зајакната акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно се изречени 134 мерки (ТЕ-99 и ГВ-35.

Осумдесет и осум од мерките (ТЕ-53 и ГВ-35) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место.Од нив, 14 пречекорувања (ТЕ-5 и ГВ-9) биле за повеќе од 70 километри на час.

Во контролата биле откриени и санкционирани и 46 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ) во населено место, а санкционирани, исто така, биле и 8 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-2).

СВР Тетово со уште еден апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, посебно ако е врнежливо времето, но и воопшто и да ги почитуваат важечките знаци на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, како и на регионалните и локалните патишта и на тетовските и гостиварските улици.