ЈАКИМОВСКИ – МИЦКОВСКИ ЗАСЛУЖИ ДА МУ МАВНАМ БОКС

0
31

Стевче Јакимовски, претседателот на ГРОМ по раскинувањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, денеска во телевизиското гостување во Студио 10 на ТВ24 рече дека лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски „заслужил да му мавне бокс“.

„Го трпев и за мене што зборуваше, Стефче е мртов човек, болен и ќе умре, мртов политичар, тој заслужи бокс да му мавнам, а не коалиција да раскинам. Односот кон мојата партија го трпев, но кога се граѓаните во прашање тоа не можеме да го поминеме.“, рече градоначалникот на Општина Карпош во студиото.