СО ЛИЧНОСТ КОЈА ОПРАВДУВА НАПАД СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ И ПОДГРЕВА МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ, НЕМА МЕСТО ЗА СОРАБОТКА МУ ОДГОВОРИ АРСОВСКА НА ТАРАВАРИ

0
28

Арсовска вели дека Таравари лично, може да поставува кадровски решенија во Гостивар, а не во градот Скопје
Откако генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, утринава кажа дека доколку е точно дека е разрешен директорот на „Комунална хигиена“, ќе побара од претседателството да ја прекинеме соработката со Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска му возврати велејќи дека соработката помеѓу нив во рамки на Градот Скопје е завршила уште вчера.

„Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на господин Таравари, со оглед на тоа што соработката ни е завршена уште вчера. Кадровски решенија може тој лично да си поставува во Гостивар, а не во Скопје. Со личност која напаѓа, која нема етички компас, оправдува во било која форма насилство и напад со огнено оружје како во вчерашниот инцидент и подгрева меѓуетнички тензии, нема основ да се соработува“, изјави Арсовска