НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК САМО НА ХАРТИЈА, НА ШАРА И НАТАМУ ДИВИ ДЕПОНИИ И КУПИШТА СМЕТ

0
77

Расфрлан смет и диви депонии во Националниот парк Шар Планина. Планинарските друштва бараат еколошки акции за чистење, но и поголема контрола и казни, за они кои ја загадуваат и недопрената природа.

Лешница однадвор – горда убавица, заштитен знак на Шар Планина, бисер на Националниот парк, a Лешница внатре , тажна мини депонија. Ова се само дел од реакции на планинарите, околу еколошка состојба во Националниот пар Шар Планина. Јавната свест мора да проработи, а службата на паркот, да има поголема контрола во шумските подрачја.

Да биде катастрофата уште поголема, купишта смет има и длабоко во планината во најзаштитените зони, каде сега секој може да стигне со отворањето на пристапни патишта, реагираат планинарите.

Од Министерството за животна средина и Националниот парк Шар Планина, се пофалија исчитиле дваесетина диви депонии на Шара и ги повикаа општините да се вклучат во ваквите акции, согласно Законот за управување со отпад.

Последните статистики, говорат дека една третина од собраниот отпад не завршува вo стандардизираните депонии, туку сметот се трупа на различни локации, пред се во шумските подрачја, реките и езерата.