ОИК ТЕТОВО – НЕДОСТАСУВААТ ЧЛЕНОВИ НА ИЗБИРАЧКИ ОДБОРИ ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ ЗАКАЖАНИ ЗА 20 АВГУСТ

0
29

Политичките партии и независните листи на вториот дел од кампањата за нов совет на Општина Тетово со ветувања и предизборна програма пред граѓаните Кампањата ќе трае 19 дена, а изборите ќе се одржат на 20 август во сабота. На нив ќе се тркаат 11 политички партии и две независни листи.

Ослободени сме од партиските стеги и во новиот совет ќе работиме само во интерес на тетовци, истакнаа од Независната листа на советници Подобро за Тетово.

Подршка за советничките листи од Тетово побараа и лидерите на двете најголеми партии. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски очекува голема победа.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ги повика тетовци на изборите да гласаат за чесни работливи и одговорни луѓе.

oikЛидерите на Алијанса за Албанците и БЕСА со свое предизборно обраќање. Зијадин Села побара подршка за листата од неговата партија, која како што рече ја водат млади и квалитетни луѓе. Биљал Касами пак истакна дека новиот совет кој ќе го предводи БЕСА, ќе ги дореализира сите ветувања од изборната кампања во 2021 година.

Од општинската изборна комисија велат дека изборите ќе бидат успешни, оти за нив не треба да се исполни никаков цензус. Но, самиот процес ќе биде потежок за организирање, поради недостиг на членови на избирачки одбори.

Советот на Општина Тетово се распушти по само 6 месеци работа, оти советниците не успеаа да ја изгласаат завршната сметка на буџетот, во законски предвидениот рок